Осумдесет проценти од Американците на возраст од 12 и повеќе години примиле најмалку една доза од вакцината против Ковид-19, потврди денеска координаторот на Белата куќа за ковид-19, Џеф Зајентс.
Зајентс додаде дека 2,6 милиони деца на возраст од 5 до 11 години ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19.
Американската Администрација за храна и лекови ја одобри вакцината против Ковид-19 за деца на возраст од пет до 11 години и препорача да се вакцинираат со две дози во интервал од три недели.