Во САД минатата година регистрирани се над 100.000 смртни случаи од предозираност со дрога, што е рекорден број смртни случаи за една година, соопштија американските здравствени власти.

Бројката од 100.000 е надмината за време на пандемијата со Ковид-19.

Во периодот од април 2020 година и истиот месец оваа година, во САД починале 100.306 лица поради предозирања со наркотици, што е за 28,5 отсто повеќе отколку во претходниот 12-месечен период.

Властите истакнаа дека повеќето од тие смртни случаи биле предизвикани од синтетички дроги, како што е нелегално произведениот фентанил.

– Мојата администрација е посветена да направи се што е во нејзина моќ за да се бори против зависноста од дрога и да стави крај на оваа епидемија на предозирање, се наведува во соопштението на американскиот претседател Џо Бајден.