Алберт Селадес и Зинедин Зидан се големи пријатели, четири сезони беа соиграчи во Реал Мадрид, а вечерва од 21 часот во дербито на шпанската лига помеѓу Валенсија и Реал, ќе се надмудруваат како тренери на спротивставени екипи.

Како фудбалери на Реал, Селадес и Зидан играа заедно на терен на 41 меча во периодот од 2001 до 2005 година, заедно ја освоија титулата во Лигата на шампионите во 2002 година.

Сега 44-годишниот Селадес е тренер на „лилјаците“, три години постариот Зидан ги води „кралевите“, па интересно ќе биде да се види кој ќе биде поуспешен во нивниот прв меѓусебен дуел како тренер во шпанското првенство. Реал со победа би се искачил на првото место на табелата.