Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, во пресрет на денешниот дерби дуел со Арсенал, кажа дека неговиот тим и клуб го помогнале напредокот на Ливерпул, кој сезонава е незапирлив во англиската фудбалска Премиерлигата.

„Јас кога станав тренер на Сити во 2016 година, за титула беа потребни 85 бодови. Сега требаат речиси 100. Ние му помогнавме на Ливерпул да го направи тој чекор напред и да купи неверојатни играчи. Сега ние треба да го бркаме нивното ниво. Велат дека не сме доволно добри, но јас не можам да заборавам што направи овој тим во претходните сезони“ – вели Гвардиола.

Според Гвардиола, сегашната ситуација може да биде и од полза на Сити, бидејќи треба да се бара излез и да се докаже дека се навистина силен тим, ако треба и да го освежат составот.