Јавна објава на Валон Бела, за работата на Клиниката за гинекологија при клиничкиот центар во Скопје:
Министерот за здравство и други службеници пред неколку месеци беа предупредени за незаконските дела извршени во Клиниката за гинекологија и акушерство, но досега ништо не е преземено. Затоа, сум обврзен јавно да го објавам тоа што сум со нашол за време на мојата работа како организациски (економски) директор на Клиниката за гинекологија и акушерство. Исто така го имам информирано и Управниот одбор на Клиниката за гинекологија и акушерство, како и двата директори на Фондот за здравствено осигурување за време на состанокот што го имав со нив околу долговите на самата Клиника кои постојано се во тренд на зголемување, злоупотреба и лошо раководење.
Договарањето на компаниите што вршат лабораториски тестови за секојдневна работа на Клиниката за гинекологија и акушерство е честа работа, но кога ќе ги оневозможите другите компании со фаворизирање само една компанија, која не само што е поскапа од другите, но и поради доцнењето на резултатите од страна на таа компанија може да влијае во животот на новородените, е најмонструозно дело. За жал ова се случува кога сте ја помешале медицинската професија со материјалните придобивки како приоритет.
Преземањето на овие уреди (апарати) од фармацевтски компании е во целосна спротивност, дури и строго забрането во согласност со одлуката објавено од страна на министерот во форма на информација до Клиниката за гинекологија и акушерство на ден 28.06.2010 година и истата е заверена со архива број 14-5250/1, додека во самата клиника е доставена на ден 30.06.2010 со архивски број 03-1194/1. Оваа забрана од страна на Министерството за здравство никогаш не била спроведена во Клиниката за гинекологија и акушерство.
Оневозможување на другите компании во текот на понудата за микробиолошки тестови со поставување на специфична спецификација од страна на само една компанија (со она што сте се договориле) во јавна набавка (тендер) влијаела на тој начин што самата Клиниката за гинекологија и акушерство да плати пет пати повеќе од стандардната цената за микробиолошки тестови. И наместо да чини 3.000 денари за еден тест за новороденчиња (особено оние кои предвреме се родени), клиниката за ваков тест плаќа 15.000 денари, а како резултат на тоа, медицинската директорка Викторија Јовановска потпишал договор со вредност од 4.252.500 денари за реализација на овие тестови. И за жал тука криминалот не завршува. Туку само што започнал.
Тестовите за одгледување на хемокултура како и молекуларните дијагностички реагенси, наместо да бидат понудени од други компании кои даваат резултат за само 30 минути, компанијата со која се договорила Клиниката за гинекологија и акушерство преку медицинска директорка Викторија Јовановска, резултатите не може да ги обезбеди за 30 минути (за разлика од другите компании), но за жал резултатите доцнат 3 дена или 72 часа. Доцнењето на овие резултати кои се навистина важни за новороденчињата (особено тие кои предвреме се родени), може да влијае да самото новородено бебе да почине, чекајќи ги горенаведените резултати. Избирањето на оваа фармацевтска компанија во време кога другите обезбедат побрзи резултати ќе прави потенцијален убиец на бебиња.
Друго нелогично дејство е тоа што апаратот (уредот) кој го има доставено компанијата “Биотек” е сместен во Одделението за Интензивна Нега (ОИН), каде што се сместени новородените деца кои предвреме се родени (во инкубатори). Овој апарат (уред) за микробиолошки тест претставува ризик, бидејќи исто така може да предизвикува инфекција за бебињата со разни бактерии, вируси итн. Што бара еден ваков апарат за микробиолошки тест во Одделението за Интензивна Нега (ОИН) кога самата Клиниката за гинекологија и акушерство нема потребна лиценца за микробиолошка лабораторија.
Морам да истакнам дека само во периодот од 09.05.2019 до 15.05.2019 беа дијагностицирани 6 бебиња со позитивна хемокултура и затоа и Санитарниот здравствен инспекторат направи вонредна контрола, каде што по утврдувањето на ситуацијата донесена е одлука за ригорозни антиепидемиски и санитарно-хигиенски мерки, на ден 17.05.2019 година, а доставени до нас на ден 22.05.2019 година.
Подолу го наведувам договорот потпишан од медицинската директорка, Викторија Јовановска, забраната од страна на Министерството за здравствена за вакви апарати, одлуката на санитарниот здравствен инспекторат, барањето за тестирање на медицинската сестра на одделението за Т.Т, како и фотографии од апаратите од Биотек пооставени во Одделението за ннтензивна нега (ОИН).
Пријавување заедно со објавените документите од моја страна ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.
п.с Во наредните денови ќе објавам други незаконски дејства.