Поранешната ѕвезда на Ајакс, Милан и холандската репрезентација Марко ван Бастен зеде став по темата за тоа кој е подобар помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

„Роналдо е одличен фудбалер, но кој тврди дека е подобар од Меси или не се разбира ништо од фудбал или едноставно не е искрен“, рече Ван Бастен во интервјуто за „Кориере дела Сера“.

Според него, Меси е уникатен и како него се раѓаат еднаш на 50 или 100 години.
„Тој е генијалец. На 28-годишна возраст, јас практично престанав да играм. Веќе ја освоив „Златната топка“ три пати. А погледнете го нивото на Кристијано и Меси, дури и сега кога поминаа 30 години“, додаде Ван Бастен.