Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, најави дека високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел ќе ја посети Кина наесен.
-Кина ја поздрави посетата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Борел и неговата делегација на Кина наесен, кога политичките подготовки за лидерската средба ќе бидат извршени преку опсежни и длабински размени, рече Ванг за време на телефонскиот разговор со Борел одржан синоќа.
Борел, како што е соопштено, изразил длабоко сочувство во разговорот за неодамнешните катастрофи во Кина предизвикани од обилните дождови и поплавите.
Покрај тоа, тој нагласи дека ЕУ е цврсто посветена на развивање добри односи со Кина.
Борел додаде дека стратегијата на ЕУ „Глобален пат“ и кинеската иницијатива „Појас и пат“ не се контрадикторни, туку комплементарни бидејќи и двете имаат за цел да го промовираат глобалниот развој.
Тој рече дека со нетрпение очекува да ја посети Кина со цел што поскоро да се спроведе стратешки дијалог, да се подготви овогодинешниот самит ЕУ-Кина и да се подобри понатамошниот развој на односите меѓу ЕУ и Кина.
Ванг Ји посочи дека партнерството е најважната карактеристика на односите меѓу Кина и ЕУ и дека Кина секогаш заземала позитивен став во унапредувањето на односите со ЕУ.