Актуелниот лидер во Првата македонска фудбалска лига Вардар ги засили своите редови со Аргентинецот Лукас Иан Пулеио Араја со кого потпиша двегодишен договор.
Дваесетиседумгодишниот Араја доаѓа во Вардар од индонезиски Арема, откако претходно настапуваше за црногорскиот прволигаш Дечиќ.
Араја е првото засилување во зимскиот преоден рок во редовите на Вардар, кој, воедно, ги продолжи договорите за уште две години со дефанзивците Мислав Матиќ и Георгие Јанкулов.
Вардар во Анталија се подготвува за пролетниот дел од сезоната во кој ќе биде без својот најдобар стрелец Роџерс Мато, откако репрезентативецот на Уганда потпиша договор со актуелниот лидер во шкотското првенство Хартс.
ФОТО: Архива




