Ракометарите на Вардар го доживеаја и четвртиот пораз по ред во Лигата на шампионите.

Вечерва загубија со 34:31 на гостувањето кај Пик Сегед во игра со многу технички грешки во нападот, пред се во додавањата, што се покажа како клучни за новиот пораз за Вардар.

Ова беше четврта победа по ред за Пик Сегед во меѓусебните пресметки. По седум кола во Лигата на шампионите, Вардар остана на пет бода за шесто место на табелата во групата А.