На првиот пријателски натпревар на подготовките во Турција, Вардар доживеа пораз од казахстанскиот тим Иртиш со 2:1.

Головите беа постигнати во второто полувреме, а стрелец за Вардар беше Владициа Брдаровски од пенал за во тој момент (64.минута) изедначување на 1:1.

Македонскиот тим ги одигра двете полувремиња со различен состав. Во тимот можеа да се видат и неколку млади играчи и неколку дебитанти во првиот тим на „црвено-црните“ како Ѓурковски и Игнатов.