„ЕУ ги прима сите бугарски загрижености мошне сериозно и тие се сега дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западен Балкан треба да биде дел до ЕУ. Заедно ќе бидеме посилни.“, напиша утрово ан твитер европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи.

Првата реченица е речиси копија на своевремената изјава на медијаторот на ОН во преговорите меѓу Македонија и Грција кој изјави дека сериозно ја сфаќа загриженоста на Грците, а таа „загриженост“ не само што беше дел до преговарачкиот процес, туку подоцна беше преточена и во Преспанскиот договор.