Американскиот претседател Доналд Трамп можно е да се состане со својот руски колега Владимир Путин во јули, објави „Вашингтон пост“.
-Се очекува претседателот Трамп следниот месец да се состане со рускиот претседател Владимир Путин, кога ќе биде во Европа на самитот на НАТО, пишува весникот, цитирајќи неименуван истакнат официјален претставник на американската администрација и двајца дипломати.
Трамп во петокот им изјави на новинарите дека е можно да се сретнат со Путин ова лето.
Самитот на НАТО се одржува во Брисел на 11 и 12 јули.