Ватикан, во историска одлука одобрена од папата Франциск, вчера објави дека римокатоличките свештеници ќе можат да вршат обреди на благослов за истополовите парови, под услов обредите да не бидат дел од редовните католички ритуали или литургија.
Во документ од ватиканската администрација за доктрина се наведува дека таквите благослови нема да ги озаконат неправилните ситуации, туку би биле знак дека Бог ги прифаќа сите луѓе.
Свештениците би го разгледувале секој случај посебно и „не би требало да ја спречуваат или забрануваат отвореноста на Црквата кон луѓето во каква било ситуација во која би можеле да побараат помош од Бога преку едноставен благослов“, се наведува во документот.
Црквата учи дека истополовата привлечност не е грев, но хомосексуалните дела се.