Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск потврди дека побарал средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва за да се обиде да ја запре војната во Украина, но дека се уште не добил одговор.
Во интервјуто објавено денеска за римскиот дневен весник „Кориере дела сера“, папата рече и дека патријархот на Руската православна црква Кирил, кој, според западни медиуми, ја поддржувал војната „не може да стане ѓакон на Путин“.