Минатата недела Италијанската бискупска конференција најави промена на текстот од молитвата Оче наш, јави Н1.

Станува збор за дел од текстот кој гласи „не воведувај не во зло“.

Имено, папата Франциско, уште пред една година предупреди на грешка во толкувањето на молитвата, наведувајќи дека не е Бог тој кој не доведува во зло. Со оваа промена, наведениот дел од молитвата би гласел „не напуштај не во зло“, кој според сфаќањето на црквата, подобро би ги пренело изворно напишаните зборови на арамејски јазик.

Промената е веќе воведена во една верзија на Библијата, како и во францускиот превод, а сега ќе биде воведена и во светата миса.