Три нови случаи на нападнати и искасани граѓани од кучиња скитници во Скопје се пријавени само во текот на едно деноноќие.
Како што соопшти МВР, денеска, половина час по полноќ А.Т. (27) од Охрид, во Полициската станица Центар пријавила дека на сношти во 23.15 часот на ул. „Владимир Полежиновски“ била касната од куче-скитник на левата надколеница.
Синоќа во 23.45 часот во Полициската станица Гази Баба, А.В.(36) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 21.30 часот на ул. „Антон Попов“ бил нападнат и каснат од повеќе кучиња-скитници во пределот на десната нога и левата рака.
Вчера, пак, во 14.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице С.Д. кое на булеварот „Трета Македонска Бригада“ било каснато од куче скитник.
Граѓаните преку социјалните медиуми постојано се жалат на опасностите на кои се изложени од преголемиот број на кучиња скитници во Скопје.