Во Скопје ветерот што синоќа дуваше бил со брзина од над 100 километри на час, информира утринава Управата за хидрометеоролошки работи.

Силниот ветер откорна дрвја, покриви од згради и оштети фасади на објекти.

Во западните и северните делови од државата ветерот бил со брзина над 70 километри. Во текот на ноќта и изутринава претежно во западните делови имало врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег каде се формирала снежна покривка и имало појава на снежни наноси.