Како што објави скопски „Вечер“, во Шведска е одбиено барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Дејан Давидовски беше уапсен во Шведска во април годинава по потерница на Интерпол.
Според “Вечер“, решението зошто судот во Шведска одбива да и го испорача на Македонија Дејан Давидовски е образложено во 18 точки. Во образложението се наведува дека ако биде испорачан Дејан Давидовски ќе биде суден во политички а не криминален процес. Дополнително, споредВечер, шведскиот суд истакнал дека не постојат доволно докази за делото “тероризам“, а крајната оценка е дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка.
Текстот на Вечер прочитајте го тука
Дејан Давидовски