Денеска попладне со почеток во 18 часот во Скопје ќе започне уште еден протест поради скандалот на Клиниката за онкологија.
Како што објавија организаторите, протестот ќе започне пред Владата, а ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство каде, како што наведуваат ќе побараат одговорност за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од Министерството за здравство како што се претходните министри кои влијаеле за заташкување на случаевите.
-Повторно ве повикуваме на протест пред Владата, заедно во еден глас да го искажеме гневот и револтот против сиот криминал кој со години тлеел на Клиниката за Онкологија, но и во целосниот здравствен и политички систем. Ние бараме задоволување на социјалната правда, и тоа е возможно само ако се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има, се наведува во соопштението од организаторите на протестот.