Пратеникот и поранешен претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска се огласи преку својот Фејсбук профил за политичките игри околу одземањето на неговиот имунитет.

– Собранието на Република Македонија не го одзеде имунитетот којшто го имам како пратеник. Тоа е принципиелна одлука. Стојам на располагање да се јавам на сите покани по предметот и да ги почитувам сите позитивни законски прописи, напиша  Вељаноски.

Како што е веќе познато, најпрво собраниската комисија не донесе одлука за одземање на неговиот пратенички имунитет, гласањето беше 4:4, а синоќа и итно закажаната седница на Парламентот беше прекината и не донесе одлука за тоа.