Не постојат никакви причини претседателските и парламентарните избори во Македонија да се одржуваат одвоено, освен поради партиските калкулации на власта, вели поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.
Тој ова го тврди во објавата на Фејсбук, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара двојни избори, а премиерот Димитар Ковачевски повтори дека претседателските и парламентарните избори ќе се оддржат во редовните термини.
-Од прегледот на изборните процеси во Република Македонија во изминативе 33 години може да се забележи дека дури во три наврати ( во 1994, 2009 и 2014 година ) се одржале два изборни процеси истовремено. Отаму, кога станува збор за следните парламентарни и претседателски избори, апсолутно јасно е дека не постојат никакви финансиски, економски или безбедносно-политички причини да имаме оддвоени претседателски и парламентарни избори, освен заради партиските калкулации на власта, пишува Вељаноски.