Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл наскоро би можел да стави крај на професионалното играње.

Според „Cope“, фудбалерот е подготвен да се пензионира доколку неговата репрезентација не успее да се пласира на Светското првенство во 2022 година.

Вчера Велс ја победи Австрија со 2:1 во полуфиналето од квалификациите за турнирот. Двата гола ги постигна 32-годишниот Бејл. Во финалето на баражот Велс ќе се сретне со победникот од двојката Украина – Шкотска.

Претходно беше објавено дека играчот има намера да ја заврши кариерата во Тотенхем. Бејл играше за Тотенхем од 2007 до 2013 година и како позајмен минатата сезона.