Претседателот на Венецијанската комисија, Џани Букикио оцени дека од вакуумот со нефункционирањето на Уставниот суд во Албанија, полза има албанската Влада.
– Уставните судови мора да бидат независни за да го заштитат владеењето на правото. Политичарите се склони да ги напаѓаат овие судови кога не им се допаѓа судењето. Во моментов, Албанија нема функционален Уставен суд. Ова резултираше со ситуација кога неуставни закони, од кои профитира Владата, се усвоени без можност за жалба, на штета на земјата и на владеењето на правото, изјави Букикио.
Тој смета дека владеењето на правото треба да биде „клучен елемент“ за да се одлучи дали некоја земја ќе биде примена во ЕУ.
Доколку во изјавата на Букикио името „Албанија“ го замдните со „Македонија“ ќе добиете истоветно вистинита изјава. Македонскиот Уставен суд веќе подолго време е апсолутно потчинет на партиските интереси и за клучни прашања од аспект на владеењето на правото и државата не функционира, но засега не добил критика за тоа од ниту една странска институција. Напротив, неговата нефукционалснот е поддржана од нив.