МЕНКИНОСКИ ВО ОТВОРЕНО СО КОРОВЕШОВСКА: Предлог законот за ЈО е плагијат и несреќен препис од хрватскиот закон

/ 19.03.2019

Во Законот за Јавно Обвинителство не се применети Венецијанските правила, а тој закон треба да оди пред Венецијанската комисија изјави во емисијата Отворено со Искра Коровешовска, адвокатот Тони Менкиноски кој ја предводи работна група на ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони.

Тој посочи дека Предлог законот за јавно обвинителство е само плагијат и несреќно препишан од хрватскиот закон, а кај нас потребно е да се создаде закон кој ќе служи на сите граѓани согласно суверенитетот, законите и меѓународните стандарди.

Во врска со истрагите на СЈО после 30 јуни, Менкиноски посочи дека како такви се контаминирани од причина што мандатот согласно законот за кривична постапка му е поминат и сите тие докази кои се прибирани се веќе собрани од неовластен тужител.

-Ние тие истраги сакаме да ги затвориме, нека ги отвори регуларното ЈО, но доказите кои се собрани и прибрани не може да бидат предмет на тие истраги. Новите истраги кои регуларното ЈО ќе ги отвори треба само да си ги отвори согласно процедуралните можности. Може да испадне ние како граѓани два пати да го платиме СЈО и во Република Македонија со енормниот буџет и со парите кои ќе ги изгубиме во судот на Стразбур, нагласи Менкиноски.

Тој додаде не можеме да дозволиме СЈО кое нема да одговора пред никого.

„Тоа не е познато во ниту една демократска држава. Не може да создадеме орган кој пред никого нема да одговара, тоа не е својствено за демократија, тоа е монархија“.

Тој посочи дека ваков закон е монархистички и не може некого да изземеме од одговорност и токму затоа функционирањето на СЈО мора да биде засновано на закон, мора специјалниот јавен обвинител да одговара пред некого.

– Не можеме да излеземе надвор од меѓународните стандарди, не можеме да излеземе надвор од суверенитетот на граѓаните, или да направиме некој монарх кој ќе се однесува како сака. Мора да има закон кој ќе биде пример како ќе се перцепира обвинителството кој ќе биде пример како треба да биде орган кој ќе ги штити човековите правата на граѓаните, а не орган кој ќе врши репресија. Ние не почувствувавме како нација дека ова обвинителство досега не штити, потенцираше Менкиноски.

ОТВОРЕНО НА АЛФА СО ИСКРА КОРОВЕШОВСКА

Gepostet von Alfa Televizija am Dienstag, 19. März 2019


Од истата категорија