Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер изрази мислење дека Еден Азар не е во можност да го замени Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, бидејќи не може да постигнува толку многу голови, како што беше случај со Португалецот.

– Азар ќе биде ѕвезда во Реал, но тој нема да ја пополни празнината што се направи по напуштањето на Кристијано. Азар ќе решава исходи од натпревари, но нема да може да постигне 50 гола на сезона. На Реал Мадрид му треба уште еден напаѓач, бидејќи Бензема веќе има 32 години. Ако тимот има уште еден млад напаѓач со кој може да игра, работите може да одат подобро. Азар е исклучителен играч кој создава позиции и понекогаш сам ги завршува нападите. Тој не се плаши од никого. Неговата форма треба да се подобри и тогаш тој ќе го покаже своето вистинско ниво, рече Венгер, цитиран од „Беин спортс“.