Најмалку 36 луѓе се повредени, а еден човек се бори за живот по верижен судар кој се случи попладнето меѓу 42 автомобили и камиони на автопатот околу 25 километри западно од Будимпешта, во Унгарија.
20-тина возила целосно изгореле. На лице место се упатиле бројни пожарникари, полицајци и екипи на итната медицинска помош.
Според унгарските медиуми пристигнале десет возила на итна помош и три хеликоптери.
Полицијата тврди дека несреќата се случила околу 14 часот и 25 минути, а во неа учествувале пет камиони и 37 автомобили.
Од 40 тината повредени, 13 луѓе имаат тешки телесни повреди.
Се претпоставува дека причина за сударот е силниот ветар кој носел облаци прашина и ја отежнувал видливоста на патот. Автопатот еМ-1 е затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат на споредните патишта.