Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив и сите хипотези мора да се истражат, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој на Твитер напиша дека разбирањето на потеклото на Ковид-19 е научен императив, бидејќи ќе помогне да се спречат нови избувнувања, но и морален императив бидејќи милиони луѓе кои ги загубија животите.

Тедрос ја објави оваа објава по повод одбележувањето на три години откако СЗО првпат го употреби зборот пандемија за глобалната епидемија на Ковид-19.

Во 2021 година, тим предводен од СЗО помина со недели во и околу Вухан, Кина, каде беа пријавени првите случаи на човечка инфекција со коронавирусот. Во заедничкиот извештај се вели дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно, но дека е потребно дополнително истражување.

Кина, сепак, соопшти дека не се потребни дополнителни посети.

СЗО оттогаш формираше научна советодавна група за опасни патогени, но се уште не се донесени заклучоци за тоа како започна пандемијата, бидејќи се вели дека недостасуваат клучни податоци.