Денеска се навршуваат 39 години од смртта на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито.

Секоја година неговиот гроб во Куќата на свеќето го посетуваат се поголем број луѓе од поранешните југословенски републики, но и голем број странски туристи, јави Б92.

Традиционално, најголемиот дел од посетителите дојдоа со знамиња од поранешните републики и положија цвеќе на гробот на Тито. Пред музејот се продаваат беџеви, магнети, книги за Тито.

На погребот пред 39 години дојдоа 700.000 луѓе, 209 државни делегации од 128 земји и беше најпосетен погреб на некој државник во 20 век.