Верската служба во Австрија повторно ќе се одржува од 15 мај, но со задолжително носење заштитна маска и растојание од два метра помеѓу верниците, соопшти денеска австриската министерка за култура и верски парашања, Сузан Раб.

Црквите ќе имаат обврска да обезбедат за секоја личност простор од 20 квадрати и задолжително и редовно дезинфицирање на кваките и сите предмети што ги допираат верниците.

За почитување на мерките ќе мора да се грижат редари.

Архиепископот на Виена кардиналот Кристоф Шонборн изјави дека  мерките се договорени со сите 16 цркви и верски заедници што се признати во Австрија.