Брат и сестра од Австралија не плаќале данок, под изговор дека тоа е „против Божјата волја”, но судот одлучи сега да платат казна од над 2,3 милиони австралски долари бидејќи во Библијата не пишува „не плаќај данок”.
Фани Алида Бирпут и нејзиниот брат Рембертус Корнелис Бирпут, инаку верски мисионери, од 2011 година го затајувале својот данок оти, како што потоа тврделе, тој чин претставувал „побуна против Бога“.
Братот и сестрата, според Врховниот суд во Тасманија, не платиле данок од 930.000 долари.