Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен беше импресиониран од перформансите на болидите на Мерцедес.

Верстапен на вчерашната трка од Формула 1 шампионатот не успеа да се одбрани од Хамилтон и на крајот заврши на второто место.

– Сите видоа колку се брзи болидите на Мерцедес кога треба да нападнат. Луис беше многу добар, а доминацијата на Мерцедес се манифестираше на дело. Не верувам дека на други трки ќе треба да напаѓаат со полна сила, но и во таков случај се далеку пред останатите, изјави Верстапен.

На Гран-при на Унгарија Хамилтон на Мерцедес му ја донесе десеттата победа во 12 трки во досегашниот дел од шампионатот. На останатите две триумфира Верстапен.