Од записите на Марко Цепенков

Снаа ми Марија, кога останала тешка со ќерка је Панда видела еден сон како да беше и дошле две ластојци дома и станала да и ваќа.

Син ми Коста, син ми Ордани син ми Спасе и тие трчале низ соба да и ваќаат ластојците, арно ама никој од синој ми не могле да ватат нити една ластојца, ами една беше ватила Марија и многу се израдуала кога ја ватила.

Со тој сон се разбудила и на деветте месеци си роди девојче и сега и је живо, големо до девет години.

ЗМИЈА ДА ВИДИШ ДА ТИ ВЛЕЗИ В КУЌИ И ДА ТИ ОСТАНИ ВО КУЌАТА, ЌЕ ЗЕМИШ СНАА АЛИ НЕВЕСТА ЛОША КАКО ЗМИЈАТА

Откоа го оженив Ордана, новата ми снаа до нејколку месеци се покажа баеги арна, арно ама до после излезе лоша, што од змијата што ја виде на сон Марија излезе многу полоша.

– Еј Марие, еве на што ни излезе змијата што ја виде ти на сон што ни влезе в куќи – је велам на Марија и на жената ми многупати коа да ја напаѓа новата ми снаа домаќинка ми ич за ни заошто, макар и Марија.

Ете на ошто ни излезе тој сон од Марија со таа пуста змија што ја виде на соно: да ја имаме сега најаве.

 

ВО СТУДЕН СНЕГ ДА БРКАТ ЗАЈАЦИ НЕКОЈА ЖЕНА И ДА ВАТИ НЕКОЈ ЗАЈАК, ЌЕ ЗАЧНИ МАШКО

Снаа ми Марија кога остана тешка на Борис, видела еден сон како да имало еден снег во дворо наш и во снего имало две бели зајачиња кај туку и брка са синој ми да и ватат зајачињата. При се што трчале синој ми, не можеле да и ватат чунки не можеле да трчаат низ снего.

Гледајќи снаа ми кај трчаат синој ми се пуштила низ снего да и ваќат зајачињата. Едно трчање низ снего и толку лесно је се чинело да трчаат, што како да летале низ снего, и беше ти го ватила едното зајаче и си го зела дома.

Откоа се разбудила, го запаметила соно и на деветте месеци си го роди Бориса. Денеска траи седум осум месеци, се поеќе болно и неолно. Снего штпо газела на соно Марија, тој бил болеста која има Борис. Така верува снаа ми.

СТАРЕЦ ДА ТЕ ПРЕПАШЕ СО ПАВТЕН ПОЈАС

Мајка ми ми прикажуаше за еден сон што беше видела кога останала тешка со мене. Еве каков сон беше видела: како да беше и се претставил еден стар чоек пред неа и озваил од една торба едно рало павти стребрени, та и рекол:

– Покрени си рацете Маријо, малце нагоре, да ти и опашам павтиве.

Веднаш мајка ми си и кренала двете раце, и му и опашал павтите стариот.

– Ај, со здравје да си и носиш, маријо – е рекол старио – и векоити да ти сет.

Откоа и опашал павтите старио, си ошол од пред мајка ми, а пак мајка ми, коа се видела со нови павти подарена, бели како снег, од радос ќе излетала и со таа радос се разбудила и се побарал дури со раце преку полојната, да не нешто вистина да и се павтите опашани. Тукуречи уште од тој ден веќе се сетила оти е несама.

По некој ден дошла мајка и на гости и е го кажала сонот што го вифела пред два-три дни. КОа чула мајка е, се изнасмеала и рекла:

– Е лели стар чоек ти подаро нови павти, ќерко Госпо ќе те даруа со машко дете.

Кога и чула мајка тие зборои одф мајка си, наздраво веќе се уверила оти машко дете ќе роди. Од радос што је било на мајка ми, на сите другачки им го казала тој сон, и сите ја радуале и ја уверуале оти машко ќе родит.

И за чудење големо на мајка ми, и се родив јас. Ете павтите на сон бакшиш земени на ошто е излегло на мајка ми, Бог да ми а прости кај починала.

Дури беше жива мајка ми, многу пати се спречкуавме за некој сонои што видуаше таа, и откоа ќе ми го кажеше соно, ќе ми го распраеше на што ќе излезит. Неверуајќи јас во сонои, и го расипуав и не и го потврдуав, и тогај ќе ми го прикажеше соно со павтите и друзи некој сонои што и се исполниле.


СААТ НА ГУША ДА НОСИ НЕКОЈА ЖЕНА И ВЕНЕЦ НА ГЛАА, ДЕВОЈЧЕ ЌЕ ЗАЧНИ

Пред да остани тешка снаа ми на второто девојче Надежда, се видела на сон со еден саат на гуша, со едни позлаќени ќостеци, многу лични; а пак на глаа носела еден невестинцки венец, и тој многу личен, со едни цвеќиња пропуштени и тие убаи.

Коа се видела така, многу се радуала на соно и со таа радос се разбудила и на деветте месеци је се роди Надежда.

 

ДА СОНУАШ КАКО ДА ТИ ТРААТ ДЕЦАТА

Пред 14-15 години на Диме кондураџијата не му траеле децата: неколку деца што му се родиле – му умреле.

Тешка бидејќи невестата му, видел еден сон Диме како да беше се нашол во гр. Битола и шетал низ чаршија со едно девојче ватено за рака, ама девојчето како тоа да било (негоото), како не тоа не паметуа како кое девојче да било. Одејќи низ чаршија, еве му го мајсторо негов што беше го учил на занаат. Се виделе и јако се поздравиле. Ош-беш сториле и му рекол мајстор му да му повели да појди дома кај мајсторицата му да се видат.

– Пеку, мајсторе – беше му рекол – лели дојдов овдека, и да не ме каниш, јас ќе дојдев у вас дома за да се видам со тебе и со мајсторица ми.

Така велејќи му Диме на мајстора си, си ја опраил за кај мајсторав си си и је отишол дома. Го пречекала, се здравуале и го прашала за девојчето што го водел Диме за рака чије је, али негоо, али од некој роднина. Без да је кажи Диме чије је девојчето што го нодси за рака, је казал оти две-три деца што му дал Господ во тие неколку годиње, ни едно не му затрајале и сега му била тешка жената му.

– Сме чуле, Диме, му рекла – оти ти умреле и сме те жалиле, ама нема што да ти сториме. Ако сакаш Диме, да ти затрајат децата што ќе ти дајт Господ, да си го побараш старио Нунко, да ти и крштаа. И биди уверен оти ќе ти затрајат.

На тие зборои се разбудил Диме и сио сон беше го запаметил саде за ќеф и баеги беше се замислил на тој сон. Сторил ниет да је кажи на мајка си, арно ама мајка му ќе се смеи, чунки Диме до тогај никаков сон не веруал, и се смеел на мајка си кога да му кажела таа некој сон.

Нејсе, се затрајал Диме за дури му роди жената му девојче. Сега требало да се крсти девојчето и сторил ниет да го поверуал сонот и да го бара старио нунко, арно ама требало да и кажи на мајка си, та таа да му кажи кој јет старио нунко.

Видел-невидел, је кажал на мајка си, и таа му и кажала старите крштелици, во село Дреновци кај што жвееле, та си и поканил Диме и тие векил на сториле сестра нивна, што била во с. Варош мажена. Ја поканиле неа и му го крстила на име Парашкево. Му крстила уште две-три деца и даде Госпо од тој саат му затраија децата.

(Подготви Марко Китевски)