Некаде на почетокот на дваесетиот век еден муслиман често доаѓал во цркавата „Св. Илија“ во скопското село Мирковци и земал од водата која извира во самата црква за која верувал дека е лековита. Водата и ја давал на својата болна сопруга. Сопружниците верувале дека ќе се случи чудо, дека жената ќе оздрави. Еден ден клисарот кој во тоа време служел во манастирскиот комплекс, во чиј склоп се наоѓа и црквата, во себе си промрморил дека нема да му дава лековита вода на човекот од туѓа вера. Па така, наместо од изворот во црквата му ја полнел стомната од Бањанската река која тече во близина на манастирот. По извесно време муслиманот пресреќен дошол во цркавата, а со себе носел голем број подароци. Неговата сопруга оздравела. А тој верувал дека тоа се должи на лековитата вода од црквата. Не знаел дека понекогаш добивал и вода од Бањанската река. Во селото Мирковци оваа приказна се прераскажува од колено на колено.
Во Светото Писмо во евангелијата е опишана една случка кога една болна жена, која сиот свој имот го потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува, пристапувајќи одзади, се допре до крајот на облеката на Исус и наеднаш оздравела. Исус праша: „Кој се допре до мене?“ Жената се јавила и му кажала зошто го сторила тоа, и рекла дека оздравела. Исус тогаш и рекол: „Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир!“

Водата се појавила на Балаклија

И ден денес луѓето доаѓаат во црквата за да земат вода за која веруваат дека е лековита. Но, вода секогаш нема во црквата. Еден подолг период изворот бил пресушен. А, водата повторно се појавила лани на празникот Источен Петок- Балаклија. На денот кога црвата што се наоѓа до „Св. Илија“, а која е исто така дел од манастирскиот комплекс, го празнува својот патрон. Празникот Источен Петок- Балаклија и е посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори. Токму на тој празник лани, повторно се појвила вода во цркавата „Св. Илија. А утредента ја снемало, за потоа пак да се појави.
Мештаните веруваат дека старата мала црквичка „Балаклија“, која е на неколку чекори од старата црква „Св. Илија“, и блиску до конакот, е најстарата црква во овој дел од Скопје, чии темели биле поставени во 11 век.
За овој манастирски комплекс, кој им е многу добро познат на скопјани и е претесен за да ги собере сите оние кои доаѓаат на 2 Август Илинден, нема подетални информации во стручната литература. Познато е дека бил изграден пред почетокот на Втората светска војна, на местото кадешто постоеле остатоци од стариот манастир.

Познато е дека бил изграден пред почетокот на Втората светска војна, на местото каде што постоеле остатоци од стариот манастир. Во неговиот склоп се наоѓаат три цркви старата „Св. Илија“, новата „Св. Илија“ и „Св. Богородица Пречиста“ или Балаклија како што ја нарекуваат мештаните.

Центарот за научни истражувања и промоција на културата од Скопје – ХАЕМУС во 2013 година, го истражуваше селото Мирковци, и најде нов археолошки локалитет „Балаклија“. Резултатите од овие првични истражувања покажаа дека во и околу ова село може да се најдат архитектонски градби од доцнаантичкиот или средновековниот период.

Скопска Црна Гора наречена по црните мантии

Манастирскиот комплекс „Св. Илија“- Чардак е еден од многуте свети храмови изградени на Скопска Црна Гора. Планината била свето место за христијаните, кои за време на турското владеење на овие простори црквите и манастирите ги граделе токму на нејзините падини. Скопска Црна Гора некои ја нарекуваат Скопска Света Гора. Таа името го добила по многубројните монаси. Се црнееле нејзините падините од црните мантии. Некои велат дека за време турско, биле убиени околу 100 монаси.
Во манастирот „Св. Илија“, кој е еден од петнаесетте во простор од 10 километри, едно време престојуваа двајца монаси од Србија. Тој порано бил женски манастир. Во дворот, веднаш пред конакот, се наоѓаат гробовите на неколку монахињи и на отец Софроније. Овој отец, кој се упокоил во 1890 година, ја изградил старата манастирската црква Св. Илија во која има извор на вода. А и секој кој живеел на ова свето место допринел за доизградба на манастирскиот комплекс. Една од монахињите, сестра Минадора го изградила конакот во кој сега престојуваат двајцата монаси.

Во конакот не е дозволено преспивање на нецрковни лица.

Дворот, убаво среден, со цвеќиња, фонтата околу која се собираат галеби, клупи, корпи за отпадоци. Зелената трева, просто мами да седнете и да уживате во тишината.
Скопските училишта, иако не често, имаат обичај да ги донесат учениците на ова место. Манастирскиот комплекс е опколен со висока ограда, дворот е огромен, послан со трева и идеален за детски игри.
До манастирот се наоѓа познатиот национален ресторан Чардак. При посетата на овој манастирски комплекс ќе го пронајдете духовниот мир во оваа прекрасна недопрена природа.