Свадба во градот Никшиќ, Црна Гора, се претворила во кошмар. И тоа се поради политика.
Двете семејства, кои ги споила љубовта меѓу децата, неочекувано завојувале поради порачување на песната „Српкиња је мене мајка родила“. Договорот меѓу семејствата бил да не се пеат националистички песни. Но, на домаќинот на свадбата му пукнал филмот кога сваќата ја нарачувала истата песнад „Српкиња је мене мајка родила“. Свекорот ги предупредил присутните дека „доста е од овие песни оти ова е Црна Гора!“
Настанала мешаница меѓу роднините, сватовите и пријателите, а револтот кулминирал кога братот на невестата ја фатил сестра си за рака и ја извел надвор од прославата со порака- „фала, пријатели“.
Караницата продолжила, па свекорот ги искинал и каблите на бендот што свирел на свадбената прослава и рекол „за се сте вие виновни“.
-Јас пеам тоа што ќе ми порачаат- рекла пејачката.
Несудената невеста, пак, отишла во блискиот манастир Свети Василије Острошки, за да го оплакува својот пропаднат брак.
Драмата завршила така што по три часа откако младенците си кажале „да“, се случил и разводот.