Актерката Весна Петрушевска – Бејби објави на Инстаграм фотографии од својот нов дечко Зоран Ацидовски,
Таа претходно изјави дека по долго време има ново момче и е посреќна и позаљубена од кога било.

Иако е релативно кус временски период во врска со него, Весна вели дека конечно успеала да го пронајде вистинскиот и додава дека искрено се надева оти оваа романса ќе потрае.

Мора да признаеме дека новиот дечко на Весна многу подобро изгледа од нејзиниот екс сопруг бизнисменот Јанко Тренкоски. Еве уверете се и сами.

Актерката изгледа среќно и насмеано, а се надеваме дека така ќе биде и долго време.