Демонстрација на вежба за гасење пожар ќе се одржи денеска на врвот на Водно во близина на воените објекти.
Како што соопштија од Град Скопје, на настанот ќе се обратат градоначалникот Петре Шилегов и командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски.
Додека беснееја пожари во текот на месецов во Македонија и во Скопје, Шилегов беше на одмор, па сега ќе има прилика да ја види подготвеноста на пожарникарите на вежба.