Земете брашно направено од дива пченица, додајте му ги корените од растението, сомелени во прав, додајте вода и печете, советува Би-Би-Си.

Според научниците тоа е рецот за најстариот леб на светот, направен пред 14.000 години.

Научниците веруваат дека „првиот леб“ бил користен за во него да се завитка месо, што всушност значи дека 14.000 години е стар и првиот сендвич.

Лебот отсекогаш бил основен дел од нашата храна, но малку се знаело за начинот на правење на леб низ историјата.

Досега најстариот доказ за правење леб бил пронајден во Турција и е стар 9000 години.

Последното откриие е од пустина во Јордан.