Една од денешнитите активности на вицепремиерот за европски интеграции Бојан Маричиќ е неговиот настап на телевизиите, со негова најава и препорака „граѓаните да го следат при неговото пробивање на патот кон ЕУ“.

– Вечерва со Борјан Јовановски ќе разговараме за европските интеграции и просперитет на регионот во контекст на војната во Украина и можноста за наоѓање решение со Бугарија за кревање на ветото. Следете ме, објави вицепремиерот Маричиќ на неговиот официјален профил на Фејсбук.

Инаку, граѓаните, ги следат „патиштата“ што нашите политичари ни ги трасираат и пробиваат кон Брисел, но како автопатот од Кичево кон Охрид, пругата кон Бугарија, како и други патишта, најлесно им е да ги „пробиваат“ со самопромоција на телевизиите, другите медиуми и социјалните мрежи.

(Д.Г.)