Ќе продолжиме да даваме воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина, објави денеска претседателот Стево Пендаровски, кој информира дека во Давос имал средба со украинскиот министер Дмитро Кулеба.

– Кратка средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба. Целосна поддршка за Украина и украинскиот народ. Ќе продолжиме да даваме воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина во рамки на нашите можности и како НАТО членка, со крајна цел, прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир, објави Пендаровски на својот официјален профил на Фејсбук.

Како што веќе објавивме, Пендаровски два дена е на Светскиот економски форум во Давос.