Марко ВИДЕНОВИЌ, Македонска филхармонија
Посветено на Емилија Донева, која го подари своето срце, за друг да живее, а таа премина во вечноста.
Ваквите ЛУЃЕ се: желбата, надежта, светлината… од таквите, како Емилија, кои се реткост, животов тука, среде пеколов земски, добива надеж и смисла.
Врз облаци зачекори,
на меко и чисто да газиш,
тука долу тиња е,
загнасено и матно.
Таму горе,
до сонцето поблиску ќе бидеш,
ќе те гали и грее,
и патот светол секогаш ќе ти биде.
А кога сонцето ќе зајде,
не грижи се,
месечината ќе те чува,
ќе те гушка и гали,
како мајка што најнежно
на чедо свое тоа го прави.
И верувам,
таму горе над облаците,
кај сонцето и месечината,
помеѓу ѕвездите,
таму каде и ти сега си ѕвезда сјајна,
таму е поубаво и почисто,
безгрижно и бајковито,
оти злото не знае да лета,
а и да знае, од Бога се плаши
и горе не би отишло,
тоа тука на дното се гуши,
и тука долу сонот го руши.
Таму горе