Косово ми е секогаш во срцето и во умот и во секоја одлука и акција, објави на својот профил на Фејсбук лидерот на ДУИ, почесниот д-р Али Ахмети.
– Видео снимка од братскиот прием вечерва во Приштина на премиерот Албин Курти и неговиот тим. Косово ми е секогаш во срцето и во умот и во секоја одлука и акција. Заедно ќе патуваме кон реализација на нашите заеднички цели, објави Ахмети.
Лидерот на ДУИ, партијата која има половина македонска Влада со свои министри „во срцето и умот“ го има Косово. Во прилогот на неговата објава, од завчерашната посета на Косово, објавува и видео кое може да го отворите ТУКА.