Корпоративните мејнстрим медиуми пишуваат за празните рафтови и празните стомаци во Венецуела, но дали наводите за недостиг од храна се вистинити?

По обиколката на маркети во Каракас, американскиот новинар Макс Блументал пронашол многу производи за купување, дури и голем избор на пива, пренесува порталот Webtribune.

„Рафтовите со намирници се празни зашто храна има се помалку“ во Венецуела, пишува британскиот весник Индепендент. Маркетите во земјата остануваат отворени, но „ретко се снабдени“, пишува британски Гардијан.

Дури и „основните продукти“, како што се четкички за заби, ги нема да се купат. „Гладните“ Венецуелци мораат да избираат помеѓу „мачење или глад“, пишува Блумберг.

Покриеноста со вести од Венецуела од страна на западните мејнстрим медиуми остава впечаток дека претседателот Николас Мадуро полека го изгладнува својот народ, приказна која новинарот Блументал ја прогласи за целосна лага, по снимањето на голем супермаркет во Каракас.

Маркетот располага со широк спектар на месо, месни и млечни производи, иако немало полумасен грчки јогурт, понижување кое е резултат на Мадуровиот тиранизам, се шегува Блументал. Тоа што е најважно, крафт пиво – обележје на херојскиот консумеризам – може да се најде и премногу на одделот за алкохол во супермаркетот.

Блументал, исто така, се одушевил на разновидноста на ароматизирана тоалетна хартија, шампони и други тоалетни производи т.е. „основни продукти“ кои според „фејк њус“ на СНН, ги нема никаде во Венецуела.

– Овде нема проблеми со дистрибуцијата на храна или проблеми со недостиг од храна. Прашање е дали куповната моќ на Венецуелците е целосно уништена, зашто нивната валута е толку ослабена од хиперинфлацијата, шпекулациите и поплавата од долари кои овде владата не може да ги контролира, како и растот на приватни капиталистички елементи кои ја поддржуваат опозицијата, заклучува Блументал.

Забавното известување на овој новинар од терен доаѓа во време на напнатост при обидот САД да испорачаат тоа што Вашингтон го опишува како хуманитарна помош, и покрај противењето на венецуелската влада тоа да не го прават.

Хуан Гуаидо, привремен претседател на Венецуела, изјави во четвртокот дека лично ќе оди на границата со Колумбија за да ја прифати пратката од САД, повикувајќи ги возачите да одат со него и да им пркосат на граничарите кои ја спречуваат испораката.

Хуманитарните организации се дистанцираа од наводниот пакет со помош, поради обвинувањето дека „хуманитарната помош“ може да се користи за политички цели.