Да се потсетиме: пред четири месеци јасно кажав дека до ваков извештај за медиуми ќе дојде. Медиумите не се проблем – притисокот врз нив е, пишува на Фејсбук министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
На ова интервју во јануари, јасно предупредив: Недозволиво е политичка партија да спроведува кампања против медиум. Тоа ќе има ефект врз меѓународните извештаи и перцепцијата.
Со месеци гледаме обиди на СДСМ за дискредитација и притисок врз новинари – токму тоа е она што ја нарушува медиумската средина и влијае на меѓународните оценки.
Спротивно од тоа ние направивме конкретен чекор напред: за првпат онлајн медиумите се препознаени во Законот за медиуми, со што се зајакнува нивната позиција и заштита.
Не може да зборувате за медиумски слободи, а истовремено да вршите притисок врз медиуми. Проблемот не е извештајот – проблемот е притисокот од СДСМ, пишува Андоновски во својата објава.




