Како што кажавме вчера, местењето тендери во СДСМ не е ништо ново, тоа е она кое што го говориме 4 години, тоа е она кое што го знаат граѓаните, тоа е она кое што сите го гледаат и имаат докази, само за жал ЈО и Антикорупциската Комисија немаат докази, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Во продолжение интегрално текстот од прес-конференцијата:

Денес ќе презентираме и ќе продолжиме, ќе се надоврземе на вчерашните докази за тендерот за улично осветлување во Гази Баба, каде што јавноста треба да утврди дали фирмата ДИГИТАЛ ДООЕЛ со очигледни евидентни податоци на однапред договорени цени добила тендер?

Фирмата ДИГИТАЛ ДООЕЛ добила тендер за јавно улично осветлување со цени на кои што се надоврзуваме на вчерашната прес конференција и тоа:

–          На пример, набавка и вградување на натриумова цеваста сијалица од 70 вати над 6.600 лумени понудената цена е 10.000 денари по парче, додека пак истата сијалица со моќност од 150 вати над 17.500 лумени, која што по логика на нештата треба да е двојно повисока, понудената цена е само 1.000 денари. Дали е ова нормално?

–          Или на пример, набавка и вградување на пригушници цените се следни: од 70 вати чини 2.500 денари парче, а двојно и пет пати помоќни од 150 вати и 400 вати чинат чинат по 1 денар парче. Кој кого манипулира?

–          Истото се случува и со ЛЕД уличните асиметрични светилки. Парче со моќност 30-45 вати чини 5.000 денари, додека пак сите останати кои се двојно, тројно или пет, или шест пати помоќни чинат околу 500 денари по парче. Поочигледно од ова нема дека однапред се знаело што и како ќе се работи овој тендер.

Почитувани,

Ова е само дел од цените и начинот на кој има простор за сомневање за предност во добивање на тендерот од страна на оваа фирма ДИГИТАЛ ДООЕЛ, во општина Гази Баба, но за тоа треба да утврди и јавното обвинителство дали имало такво нешто или не.

Антикорупциската комисија исто така требаше веќе да има отворено случај, но очигледно дека сака да сокрие сомнеж за криминал и воопшто да не истражува било каков криминал во овие јавни набавки.

Ваквиот начин на функционирање и добивање тендери очигледно добро функционирал како пракса секаде ама баш секаде онаму каде што СДСМ има свои кадри за функционери.

Дали сега на јавноста и е јасно како СДСМ ги трошеле нивните пари? Истото се случува и низ институциите на државната власт, каде што СДСМ ја има централната власт, што всушност покажува дека не се работи за изолиран случај, туку за начин на функционирање на СДСМ како политичка партија и нивните кадри.

Парите на граѓаните на овој начин биле испумпувани и завршувале по нечии џебови. Да не се чудите после како од просечни граѓани, после функционерите стануваат милионери, а пред тоа немале никаков основ да заработат огромни суми на пари.