Погледнете како Зоран Заев безобразно ја лажеше македонската јавност пред неполна година, а народот вели кој лаже – тој краде, истакна на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Зоран Заев тогаш велеше дека се што има му е во Македонија и дека нема компании во странство. Е ова почитувани, е бесрамно лажење на Зоран Заев. Вистината вели дека Заеви имаат 3 фирми во градот Петрич во соседна Бугарија, пријавени на една иста адреса. И тоа фирмата за градежништво Гомасиндра која од август 2018 е во сопственост на братучедот на премиерот, Трајче Заев, фирмата за транспорт и логистика Ориент Груп основана од Вице и Славица Заеви, па потоа превземена во декември 2018 година од Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев и третата фирма, тоа е фирмата за транспорт и логистика, Радиша трејд во сопственост на зетот на премиерот, Радиша Бојовиќ Заев. Внимавајте три фирми на Заеви со слична дејност, формирани речиси во ист период, на една адреса во Петрич – Република Бугарија, рече Арсовски.
Тој запраша зошто Зоран Заев лажеше за постоењето на фирми во странство во сопственост на кланот Заеви?
– Очигледно беше затечен од овој скандал и затоа пелтечеше нервозно и хаотично одговараше на дуелот, односно не знаеше што да каже за потоа да признае дека навистина имале фирми во Бугарија и знаел за тоа. Постои основан сомнеж дека овие фирми не се туку-така формирани, туку дека целта е да се прават преку нив матни зделки и криминал. Сепак на крајот на краиштата на чело на овој клан стои еден аболицираниот за финансиски криминал а тоа Зоран Заев, кој не крие дека сака да биде главниот комерцијалист во семејните фирми, рече портпаролот Арсовски.