Министерот за економија Крешник Бектеши при посетата на Албанија новинарка му се обрати со „македонски министер“, а тој веднаш реагираше.
На конференцијата за односи меѓу министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, новинарите му упатиле прашање за легализација на марихуаната. Но, Бектеши не беше среќен кога новинарка му се обрати со „македонски министер“.
Новинарката: Имав прашање до македонскиот министер…
Бектеши: Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец.
Ова е втор негов скандал при неговата посета на Албанија, откако претходно беше пречекан само со албански знамиња, без да биде истакнатот македонското државно, односно на државата која ја преставува и чиј министер е.