Мислам кога станува збор за борбата против корупцијата, мора да се гледа на целото општество и на целиот приод на Владата, вели американската амбасадорка Кејт Брнз во интервјуто за ТВ Телма.
– Секој дел од структурата е одговорен за борба против корупцијата и да се обезбеди дека тукашните институции се отпорни за да можат да ја потиснат корупцијата кога ќе ја видат или да не остават простор за таа да го исполни, вели Брнз.
На прашањето дека граѓаните ја губат довербата во инстутуциите и дали случајот со обвинителката Вилма Русковска ќе се реши во интерес на правдата и дека нема да има притисоци од политички авторитети Брзн одговара:
– Не би прејудицирала. Мислам дека е битно да се повтори дека е принципиелно за правосудниот сектор да биде целосно независен од било какви политички или други надворешни влијанија, вели американската амбасадорка во заминување.
Таа како што е познато наскоро ќе биде заменета, а на нејзино место доаѓа Анџела Прај Ангелер.
Видеото може да го отворите ТУКА.