Да се зачува македонскиот јазик и македонската култура, и да постоиме како македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија, вели архимандрит Никодим Царкњас, кој долго време се бори со грчките власти за да добие официјално признавање на Македонската православна црква.

– Сите деца од Егејска Македонија што сакаат да го говорат и пишуваат македонскиот јазик им даваме можност да го сторат тоа, вели Царкњас.

Архимандритот Царкњас со помош на иселеништвото од сите делови на Македонија во Канада, Австралија и други делови од светов, ја гради црквата Света Злата Мегленска во С’ботско (Аридеја), во Егејска Македонија, првото место на богослужба каде етничките Македонци во Грција ќе можат слободно да ги практикуваат македонската православна религија, по поделбата на Македонија во 1913 година.

Целото обраќање на ахримандритот Царкњас може да го погледнете ТУКА.

(Д.Г.)