Не очекува важен период во евро-интегративниот процес, објави денеска пратеникот Кастриот Реџепи, кој информира за средба со министерот Бојан Маричиќ.

– За време на средбата со министерот за правда Бојан Маричиќ разговаравме за потребата и посветеноста во реформите како во правосудството, така и во зајакнувањето на владеењето на правото. Не очекува важен период во евро-интегративниот процес и за тоа ни треба стабилно мнозинство и стабилна влада кои се клучни во наредните месеци кога се прави голема посветеност за отворање разговори со ЕУ, објави Реџепи на Фејсбук.

Реџепи, како што е веќе познато, се потпиша на списокот на опозицијата за гласање на доверба на Владата во која е министер и Маричиќ, а на денот на гласањето „исчезна“. Но, сега на Реџепи не му пречи да го „зајакнува владеењето на правото“ на власта и Владата за која стави потпис дека треба да се смени.