Видео за една чудна авионска несреќа се појави на Јутјуб, на кое се гледа како патниците и пилотот Дејвид Леш по авионска несреќа што им се случила прават селфи и видеа.

Како што е објавено на социјалните мрежи, моторот на малиот авион му откажал, но пилотот успеал да слета на површината на океанот, а потоа заедно со патниците се качиле на авионското крило и снимаат тоа што им се случило.

– Ударот беш слаб. Воопшто немаше проблем. Веднаш ја отворивме вратата и излеговме на крилото. Направивме брз список за тоа што се наоѓа во авионот. Ги зграпчивме мобилните телефони и клучевите за автомобили. Знаев дека имаме околу 20 или 30 секунди пред авионот да потоне, вели Леш.

Тие биле 40 минути во океанот пред да пристигне помошта.

Снимките што Леш ги објави на социјалните мрежи го прикажуваат него и патниците како се смеат и велат дека ја преживеале несреќата и сега чекаат за помош.